Д-Р СОФИЈА ГУГОВА, ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

БЕСПЛАТНИ ДЕРМОСКОПСКИ ПРЕГЛЕДИ НА 25 И 26 МАЈ 2023 ВО АМБУЛАНТАТА ЗА КОЖНИ И ВЕНЕРИЧНИ БОЛЕСТИ ПО ПОВОД ЕВРОПСКАТА КАМПАЊА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА РАКОТ НА КОЖАТА
 
Еуромеланома е Европска кампања за рана детекција на ракот на кожата. Тој е еден од најчестите форми на рак во светот. Обично е предизвикан од небезбедно или прекумерно изложување на сончевите УВ зраци, кои продираат и ја оштетуваат кожата со текот на времето.
 
Ракот на кожата може да има добра прогноза и висока стапка на излекување, сепак јавната свест за симптомите на ракот на кожата моментално е ниска, што значи дека може да се пропуштат можностите за витално рано откривање.
 
Оваа кампања го овозможува тоа со бесплатни дермоскопски прегледи, како и совети за заштита од сонцето, во просториите на Амбулантата за кожни и венерични болести во Општа болница со проширена дејност, во деновите 25. 05. и 26. 05 2023, од 12- 14 часот.
 
Со ова Општата болница со проширена дејност Гевгелија ќе се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенеција од ракот на кожа.
 
Канцерогените лезии се појавуваат на места кои се изложени на УВА и УВБ зраци, како што се лицето, вратот, грбот и екстремитетите. Најчесто се јавува кај луѓе на возраст над 50 години, но секој може да биде засегнат. Но, ракот на кожа е седмиот најверојатен карцином кој ќе ги зафати младите на возраст од 10 до 19 години во Европа.
 
Изложеноста на ултравиолетовото зрачење може да го зголеми ризикот од заболувања на кожата, вклучувајќи го и меланомот како најсериозна форма на рак на кожата.
Превенцијата, навремената дијагностика и рана интервенција се клучни за справување со меланомот.
 
Затоа, да се придржуваме кон мерките на заштита, да направиме самопрегледи и дерматолошки прегледи за да ја превенираме појавата на какви било форми на заболувања на кожата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *