ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕМЕЈНИТЕ ЛЕКАРИ-СРЦЕТО НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

WEB Телевизија во живо

Семејните лекари се срцето на здравствената заштита. Ако го нема срцето и столбот на здравствената заштита, ние можеме да добиеме колапс на здравствениот систем. Затоа што се започнува и завршува со матичниот лекар.
Ова го истакна денеска доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина на прес-конференцијата, по повод Светскиот ден на семејниот лекар.
 
По тој повод Скопје од вчера до 21 мај е домаќин на петтиот Конгрес по семејна медицина и 25. Симпозиум со меѓународно учество, под мотото „Семејните лекари: Срцето на здраствената заштита“.
Конгресот е посветен поради зголемувањето на бројот на хронични заболувања.
 
Пред сѐ дијабетот, хипертензиите и аритмиите, како едни од најчестите заболувања, но и кај средната и кај младата популација, точно предизвикани од самиот сарс ков 2 вирусот.
– Секој семеен лекар е доволно обучен и компетентен да може на својот пациент да закаже одредена дијагностичка интервенција, при што побрзо би се доаѓало до дијагноза на заболување и понатамошен соодветен третман, изјави Ѓорѓиевски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *