ДЕНЕС Е 24-ТИ МАЈ, ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПАРКОВИТЕ:

WEB Телевизија во живо

ЗА ЗДРАВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ , ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ЗДРАВИ ПАРКОВИ.
 
Парковите играат голема улога во во зачувувањето на здравјето на луѓето. Престојот во природа е неопходен за човекот да ја обнови својата физичка и ментална енергија, а заради континуирано урбанизирање, од големо значење е да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, велат од Светски фонд за природа (ВВФ).
 
Денеска е Европски ден на парковите, кој се одбележува од 1999 година како иницијатива на Федерацијата на европски национални паркови, во спомен на прогласувањето на првите национални паркови во Европа во Шведска.
Бројни заштитени подрачја низ цела Европа, но и во регионот, го користат 24 мај како покана кон посетителите да се вратат во парковите.
 
.Светски фонд за природа е една од најголемите, глобално признати, независни организации вклучени во заштитата на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. 
 
Мисијата на ВВФ е да се запре уништувањето на животната средина и да се создаде иднина во која луѓето живеат во склад со природата со зачувување на биодиверзитетот во светот, одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето и прекумерната потрошувачка, велат од Светски фонд за природа во Македонија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *