ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СО БОГАТА ЦРКОВНА И КУЛТУРНА ПРОГРАМА ЌЕ ГИ ЧЕСТВУВА СВОИТЕ ПАТРОНИ

WEB Телевизија во живо

Гевгелиското архиерејско намесништво освен со црковни обреди, големиот празник на сесловенските македонски просветители, Светите Кирил и Методиј, кои се патрони на овој црковен храм, подготвува и богата културно-уметничка програма.
 
Така, утре, среда, 24 мај, програмата започнува во 7 часот со Празнична утрена богослужба, за да во 8,30 часот Светата Златоустова Литургија, која ќе трае до 10, 30 часот.
 
Потоа, во 11 часот, по завршувањето на златоустовата литургија, торжествена празнична Литија, со иконата на Мајката Божја-Цвет кој не венее- ќе тргне од Црквата , поминувајќи низ Градското шеталиште и Собранието на Општина Гевгелија.
Во дворот на Црквата потоа ќе настапат Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, по што ќе следат настапите на ансамблите „Бојмија“ и „Македонија“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *