ЧЛЕНОВИ НА „ЛЕВИЦА“ УТРОВО ОД ГЕВГЕЛИЈА ТРГНАА НА МАРШ ДО СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА 120 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА УЧИТЕЛОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

WEB Телевизија во живо

Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргнаа од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Секторот спорт, синоќа го посетија тимот предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил – Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија – Демир Капија – Велес – Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија.
Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, каде ќе бидат пречекани и заедно ќе се поклонат пред вечното почивалиште на македонскиот херој, учител и револуционер, Гоце Делчев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *