ЧЕСТВУВАЊЕТО НА СПАСОВДЕН 2023 ЗАПОЧНУВА СО „РАСПЕАНА ЧАРШИЈА“

WEB Телевизија во живо

Од утре (24 мај 2023 година), започнува културното празнување на заштитникот на градот Гевгелија, Вознесение Христово- Спасовден, со традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, во рамки на тридневната културна програма што ја организира ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија под покровителство на Општина Гевгелија. Почеток на тридневната културна програма ќе биде означен со дефиле на културно-уметничките друштва и ансамбли за староградска музика и песна- учесници во „Распеана чаршија“ низ гевгелиските улици, со почеток од 18:30 часот. „Распеана чаршија“ ќе ја отворат домаќините- амбасадори на староградската музика и песна, КУД „Распеани гевгеличани“, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Годинашни учесници се: „Распеани кривопаланчани“, „Распеани валандовчани“, Здружение на пензионери „Орнаменти“- Штип, „Распеани струмичани“, „Тамбураши“- Свети Николе и „Распеани велешани“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *