БАСКЕТ ЕКИПАТА НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ПРВА НА ОБРАЗОВНОТО РАНДЕВУ МАССУМ

WEB Телевизија во живо

Учениците од СОУ,,Јосиф Јосифовски” од денешното Образовно рандеву МАССУМ, одржано во Гостивар, во спортскиот дел, се враќаат со освоено прво место на државно ниво во баскет 3 x 3. Под менторство на професорот Влатко Семенаков тие, во финалето ја совладаа екипата на СОУ „Ристе Ристески“ од Прилеп.

Од 2009 година, oсвен традиционалното Образовното Рандеву, МАССУМ во соработка со НВО Центар за Креативен Развој и Македонија-Експорт ДОО го имплементира и проектот МАССУМ Олимпијада.

Основна цел на овој проект е подигнување на свеста на средношколците за театарската, музичката, визуелната (филм и фотографија) уметност, како и низ натпреварувачката програма подигнување на натпреварувачкиот и спортскиот дух преку нивно активно учество и натпреварвање во најпопуларните спортски натпревари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *