9-ТИ МАЈ, ДЕН НА ЕВРОПА

WEB Телевизија во живо

КАДЕ Е ДЕНЕС ВИЗИЈАТА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА. И ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ МАКЕДОНИЈА СЕУШТЕ Е ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ.
 
Конрад Аденауер обединетата Европа ја замислуваше како сојуз на држави што имаат иста цел, цел за политичко единство преку совладување на историските конфликти. Под „совладување на историските конфликти“, Аденауер подразбираше дека европските држави треба да се откажат од екстремниот национализам, шовинизам и иредентизам, кои беа причина за милионите жртви во текот на двете светски војни. Во очите на Аденауер, идеите на етнонационализмот и екстремниот радикализам немаа место во идната обединета Европа.
 
Но, на денешен ден, Денот на Европа граѓаните во Македонија гласно се прашуваат: Каде е денес визијата за обединета Европа која ги гарантира благосостојбата и слободата?
Повикот до Македонија да ги реши отворените прашања со Бугарија не може да се сфати никако поинаку освен како директен притисок врз македонската страна да ги прифати бугарските нерационални барања, без оглед што тие немаат никаква врска со европските критериуми за зачленување.
 
Горчината во душите на сите што живеат во Македонија, ја засилува фактот што Македонија, заедно со Словенија, уште пред три децении од Бадентер беше оценета како република од поранешната СФРЈ што ги исполнува сите услови да биде признаена како независна држава, но без оглед на тоа тогашната Европска заедница го одложуваше признавањето на земјата.
 
Дали, со последните случувања околу договорот со Бугарија, максимално што може да очекува Македонија е да биде одличен сосед на ЕУ, а од неа да бара таа да биде добар сосед кон неа. Вака како што сега стојат работите, Македонија подолго од Турција би преговарала и не би можела да стане полноправна членка на ЕУ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *