5-ТИ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „Д-Р ПЕТКОВ ЃОРГИ“

WEB Телевизија во живо

Утре, недела, 21 мај, со почеток во 8 часот ќе се оддржи 5-от меморијален планинарски марш „Д-Р Петков Ѓорги 2023, со искачување на врвот Мала Рупа, на планината Кожуф, кој е висок 2004метри. 
 
Организаторот, Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија со овој меморијален марш ќе се потсети на својот долгогодишен член Д-р Ѓорги Петков кој беше еден од најактивните високогорци во ЗПСК „Кожуф“, и кој во минатото ги имаше искачено врвовите Арарат 5137 м., Аконкагва 6962м., Килиманџаро 5895м., Елбрус 5642м., Пик Ленин 7134м., Исланд Пик 6198м., учествуваше и во експедиција за искачување на највисокиот врв на Аљаска, Денали 6190м.
 
Во 2018 година учествуваше во експедиција за искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест, висок 8848м. каде при последниот дел од искачувањето доби срцев удар и почина.
 
Како негов матичен Клуб, планинарите од ЗПСК „Кожуф“ чувствуваат должност кон неговиот лик и дело, и сета заложба и љубов која тој ја даваше за планините и планинарскиот спорт, за да го организираат по петти пат овој меморијал.
 
Врвот Мала Рупа на кој ќе се искачуваат ппријавените планинари се наоѓа на планината Кожуф на самата граница помеѓу Македонија и Грција, помеѓу врвовите Сува Рупа, висока 1960м. и врвот К-92, висок 2112м.
 
Кога ќе стапнете на самиот врв и гледате кон Македонска страна, велат од клубот, пред вас се издигнува врвот Чичи Каја, висок 1767м. а од другата страна кон Грција се гледат неколку Грчки села како и планината Пајак.
 
Поаѓањето на овој марш е утре, недела, во 07:00 часот од паркингот кај Спортската сала 26 април Гевгелија, за учесниците од Гевгелија, додека самиот старт на меморијалот е во 08:00 часот од местото Алчак (Шутка), на височина од 1650м..
 
Вкупната должина на маршутата е 19 км. со висинска разлика од 985м. а патеката спага во категорија НАПОРНИ патеки.
 
Пристигнување на врвот ќе биде околу 13 часот, ќе има пригоден говор за ликот и делото на Д-р Петков, ќе се доделат благодарници за учество на меморијалот на планинарските Друштва/Клубови како и за најмлад и најстар учесник.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *