30 МАЈ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

WEB Телевизија во живо

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе се вклучи и оваа година во одбележување на Светскиот ден на МС (World MS Day) на 30. мај 2020 година. Националното здружение се обединува заедно со глобалната заедница за мултипла склероза (МС) ширум светот со единствена цел за подигнување на јавната свест за мултиплата склероза и водење организирана кампања во која се вклучени сите погодени од оваа болест.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем. Во Македонија од МС боледуваат околу 1.500 лица додека во светот има повеќе од 2,3 милиони лица. Многу е веројатно дека стотици илјади лица остануваат недијагностицирани и многу животи се индиректно зафатени. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 25 до 31 година, и околу два-три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи.

Мотото на годинешното одбележување на Светскиот ден е „I connect, we connect“, односно „Заедно поврзани“, додека темата e „MS Connections“ (поврзаноста), односно градење врски во заедницата, самоповрзување, заемно поврзување со цел добивање на квалитетна нега.
„Националното здружение за МС, како и останатите здруженија ширум светот, поради пандемијата на COVID-19 ќе го одбележи овој Светски ден преку социјалните мрежи со низа активности со кои ќе испратиме пораки за поддршка на пациентите. 

Во кампањата за Светскиот ден на МС ќе бидат вклучени пациентите, нивните негуватели, докторите, медицинските сестри од Универзитетската клиника за неврологија и останатите здравствени работници, како и сите други лица кои ни ја даваат нивната поддршка на најразлични начини“, изјави Ана Карајанова Димитрушева, Претседателка на Националното здружение за МС.
 
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *