20 МАЈ – ДЕН НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

На овој ден изразуваме благодарност и на гевгелиските пожарникари кои имаат голема улога во локализирањето на огнените стихии на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
 
Почетоците на организираното противпожарство на територијата на Република Македонија датираат уште од првата половина на XVIII век. По катастрофалниот пожар на Битолската чаршија, со Повелба од румелискиот валија, за време на владеењето на турскиот султан Махмуд III, на 20 Мај 1836 година, во Македонија се формираат платени служби за гаснење на пожари. Тогашната противпожарна единица имала 15 вработени пожарникари од кои еден муслиман (шеф – хаџи) и 14 македонци, луѓе од рајата. Оваа ППЕ била снабдена со една противпожарна пумпа.
 
Оваа територијална противпожарна единица е најстара во Р.Македонија и Балканот.
Овој ден – 20 мај, по предлог на Противпожарниот сојуз на Македонија, денес се празнува како ден на пожарникарството во Македонија. Од 01.07.2005 година, со одлука на Собранието на Република Македонија и со Законот за пожарникарство сите Територијални Професионални Противпожарни Единици поминуват под ингиренција на локалните самоуправи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *