120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ- БАЛКАНСКИОТ ГАРИБАЛДИ

WEB Телевизија во живо

Револуционер, патриот, неуморен борец за слободна Македонија, за подобро утре, Македонец во вистинска смисла на зборот. „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ – добро познатата мисла на Гоце Делчев која го вбројува во редот на прогресивните светски хуманисти.

За жал, овој храбар јунак не доживеа да го види македонскиот народ како извојува слобода против пропагандите на соседните држави и Османлиската Империја. Гоце Делчев го даде животот за својата татковина. Сите Македонци треба да се благодарни и да се поклонат пред неговиот лик и дело. Тој е пример за сите идни генерации. Ќе остане запаметен како голем патриот, хуманист кој секогаш зрачел со оптимизам и верба во посветла иднина. Ние сега го живееме неговиот сон, сонот за слободна Македонија.

Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруар 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) – идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.

Неговото загинување ќе предизвика голем интерес и внимание на печатот во Европа и Америка, кои заради актуелноста на македонското прашање во почеточсот на XX век, внимателно ги следат настаните во Македонија. Смрта и ревулуционерно дело на Гоце Делчев ќе биде забележана од дописниците на лондонски „Тајмс”, „Ројтер”, „Le Теmрѕ”, „Дејли Њус”, љубљански „Словенец”, трстјанскиот весник „Единост”, „Београдске новине”, загрепскиот „Обзор” и др. Лондонскиот „Тајмс”, на 9 мај 1903 година ќе објави дефинитивиа вест за смртта на Делчев, која ја „вознемирила дипломатската рамнотежа”. 

Дописникот на лондонскиат „Дејли Њус”, Џон Макдоналд ќе напише во своите спомени дека: „Делчев беше главен организатор, државник на револуциоиерното движење, идол на македонското селанство”, додека Н. Рогдаев, ќе забележи дека: „Душата на македонската организација беше Гоце Делчев – тој балкански Гарибалди. – тип на неуморен народен револуционер”.

Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
 
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *