„ЖИВОТОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, ЗАТОА И ТАНЦОТ НЕ ПРЕСТАНУВА“ – ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ТАНЦОТ!

WEB Телевизија во живо

Светскиот ден на танцот ја промовира танцовата уметност ширум светот, како начин за уметничко изразување, но и начин на комуникација кај многу култури. Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката.

Светскиот ден на танцот се обележува од 1982 година, под покровителство на УНЕСКО. На овој датум е роден францускиот пејач, кореограф, зачетник на модерниот танц и еден од најдобрите танчери Жан Жорж Новер (29.04.1727 – 19.10.1810), кој воедно е и автор на делото „Писма за танцот и балетот“ кое го потврдува како еден од најголемите танцови реформатори.

Секоја година на овој ден ширум светот се упатува порака од познато лице од светот на танцот.

Авторка на светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот е кинеската танчерка и кореограф Јанг Липинг. Таа нагласува дека животот не престанува, затоа и танцот не престанува.

„Танчерите и кореографите треба да ги наслушнат многу внимателно радостите и тагите на светот, користејќи го танцот, за да го заокружат дијалогот со нашата природа, како и животот на природата кој трае подолго од илјадници години. Денес, нема да продолжам да ја споделувам само културата на танцот во светот, туку се надевам дека ќе успеам да ги поканам сите танчери на светот кој го љубат танцот и кои сакаат да ги изразат своите емоции низ танцот; да се вклучат танцувајќи со цел заедно да ги возљубиме и почитуваме небото и земјата. Животот не престанува, затоа и танцот не престанува“, порачува Јанг Липинг.
 
Основната идеја на овој ден е да се потсети јавноста на танцот како уметнички облик на изразување и уживање во неговата универзалност која ги надминува сите политички, културни и етички препреки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *