ВО МЕСЕЦ МАРТ 2023 ГОДИНА НАЈЧЕСТИ ЗАРАЗНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ОВЧИТЕ СИПАНИЦИ И ЕНТЕРОКОЛИТИТЕ

WEB Телевизија во живо

Според Извештајот на Институтот за јавно здравје, во текот на март 2023 година, во Република Македонија, пријавени сe вкупно 1.205 заболени лица од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со вкупна инциденца од 65,6 на 100.000 жители.

Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити), учествуваат со 89,5% во вкупниот број на заболени, а со 90,0% во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец март 2023 година.
Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 911 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 75,6%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,0%.
 
На второ место по број на пријавени заболени во месец март се ентероколитите, со 168 случаи. Во вкупниот број на заболени во месецот и во групата на десетте најчести заразни заболувања учествуваат со 14,0%.
По овие две заболувања следуваат Шугата со 32 случаи, Скарлатина со 28 Инфективна мононуклеоза 24 ,Бактериски алиментарни инфекции и интоксикации 9 , Сифилис 9 Салмонелози 8 , Вирусен хепатитис Б 7 и Инфекции со Хламидија 3 .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *