ВЕЛИК ЧЕТВРТОК: ТАЈНАТА ВЕЧЕРА, СВЕТОТО МИЕЊЕ НА НОЗЕТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, ЧУДЕСНАТА МОЛИТВА И ПРЕДАВСТВОТО НА ЈУДА

WEB Телевизија во живо

На светиот и велики четврток, празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање.
На Велики Четврток, Господ Исус Христос ја востанови светата Тајна Причест, со зборовите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите“ (Мт. 26:26-28).

Овие зборови можат да се слушнат на секоја Света Литургија, чијшто централен дел е Светата Причест. Господ Исус Христос со миењето на нозете ги поучува учениците да не бараат старешинство. Миејќи им ги нозете, исто така, им покажа дека ќе се возвиси секој што себе си се понижува. После вечерата се упатија на Маслиновата гора, во местото Гетсиманија, каде што, како што велат стиховите од богослужбата од лицето Христово течеше: пот како капки крв, и: со молитвата ги фаќаш непријателите за смртта навистина да ја уништиш.
 
Потоа Јуда, со војници и народ, му се приближи на Исуса Христа, го целива – со тоа давајќи им знак дека е тој. Тие го фатија и врзан го доведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кадешто веќе се беа собрале обвинителите Христови: фарисеите и книжниците.
Ние, значи, празнуваме и со страв правиме спомен на тие страшни и неискажани настани и дела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *