АТАНАС ЕПОВ ТРЕТ, РИСТО ЧАЛКОВ ШЕСТИ, КРИСТИНА УЗУНОВА ОСМА НА 5 КИЛОМЕТРИ НА ПРВАТА ТРКА „SUPERIOR RUNS“ ВО ШТИП

WEB Телевизија во живо

Осуммина атлетичари на АК „7-ми Ноември“, денеска зедоа учество на првата трка на рамна патека Superior Runs, организирана од истоименото здружение на граѓани од Штип.

Во трката на 5 километри, Атанас Епов го освои третото место, додека Ристо Чалков беше шести, во машка конкуренција, додека во женска, Кристина Узунова го освои осмото место, во конкуренција на над 300 натпреварувачи.

Покрај нив, на оваа трка настапија и Валентина Узунова, Никола Ковачев, Иван Мичов, Никола Костадинов, Ване Узунов, Зоран Иванов, Димче Андреев и Мијалчо Андоновски.

Овој спортско-рекреативен настан, насловен „Superior Runs 5k & 10k; е од општествено-одговорен карактер, а организацискиот концепт, покрај забавна програма вклучува и натпреварувачки дел.

Во негови рамки, над 500 атлетичарки и атлетичари ,спортисти,рекреативци и љубители на спортот, се натпреваруваа во трка на 5 и 10 километри.

Натпреварувачкиот карактер на настанот е конципиран со цел да поттикне мотивација за правилните спортски вредности и да ја крене свесноста околу круцијалното влијание на физичката активност врз индивидуалното и колективнотото здравје.

Со “Superior Runs”, велат организаторите, очекуваме да ги натераме сите да почувствуваат што значи да трчаш и да се чувствуваш многу подобро и физички и духовно.

Очекуваме евент од овој тип да го смени начинот на размислување, живеење и секојдневни навики кај Штипјани. Од организацијата истакнуваат дека се надеваат овој настан да стане традиција во Штип и очекуваат да се одржува како и другите обележја во градот како што се “Ч’етересе”, “Макфест” и “Штипската Пастрамалијада”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *