РЕНОВИРАНИОТ ОДДЕЛ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ПРИ НЕГОРСКИТЕ БАЊИ ЌЕ СЕ ИМЕНУВА ПО ПРЕРАНО ПОЧИНАТАТА ДР. БИЛЈАНА ИЧЕВА

WEB Телевизија во живо

Во присуство на нејзините најблиски, на вработените нејзини колеги од Одделот за физикална терапија во Негорските бањи, како и на сопственикот Трифун Костовски, на 7 април, на Меѓународниот ден на здравството, беше откриена Спомен плоча на докторката Билјана Ичева, специјалист по физикална терапија, која прерано почина пред две години на 61 годишна возраст.
 
Доктор Билјана Ичева целиот свој работен век го помина токму во Одделот за физикална терапија, а ова признание е една искажана почит од сите вработени како и од сите пациенти кон нејзиниот вложен труд и целокупен придонес за афирмацијата на Негорски бањи, а особено за уделот која таа го даде во делот на здравствените услуги од областа на физикалната медицина и рехабилитација, унапредување на телесната култура, здравството и социјалните потреби.
 
Доктор Билјана наоѓаше убави зборови за сите нејзини пациенти, кои за неа секогаш беа „неговото височество“ пациентот. Тоа знаеа да го препознаат гевгеличани и другите кои доаѓаа во Негорските бањи, и затоа ја сакаа и ја почитуваа и како доктор и како личност.
Поради сето ова, како што истакна Трифун Костовски, делот на Одделот за физикална терапија кој ќе почне да се реновира наскоро, ќе го носи името на докторката со широко срце и уште поширока насмевка, Билјана Ичева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *