ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ИЗБОР ПОЕЗИЈА ОД СТЕФАН МАРКОВСКИ НА КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ ВО ПОЛСКА

WEB Телевизија во живо

Избор поезија од современиот македонски поет, романсиер и драматург Стефан Марковски ќе биде претставен во рамки на фестивалот Пронајдени во преводот во Гдањск, Полска.
Изборот насловен Prędkość snu – A Dream’s Pace – Брзина на сонот е објавен на полски, англиски и македонски јазик, а преводот на полски јазик е направен од Зофиа Дембовска.
 
Изборот на поезијата на Марковски ќе го промовира полската поетеса Хана Лозовска, а во рамки на истиот настан кој ќе се одржи на 21 април во 13:00 часот во Европскиот центар за солидарност ќе биде промовиран и избор поезија и од современата италијанска поетеса Лаура Капра.
Фестивалот Found in Translation е уникатен книжевен фестивал посветен пред сé на книжевно-преведувачката дејност. 
 
Годинава фестивалот ќе се одржи од 20 до 22 април. Наградата за превод „Тадеуш Бој-Желењски“ (Tadeusz Boy-Żeleński Translation Award) која во рамки на фестивалот ја доделува градоначалникот на Гдањск е важно признание за уметноста на литературниот превод и истата се доделува на секои две години на живи преведувачи од странска литература на полски јазик.
 
Фестивалот е организиран од страна на Градскиот културен институт (InstytutKulturyMiejskiej)и Градот Гдањск.
На овој фестивал свое учествозеле некои од најреномираните светски автори и добитници на Нобеловата награда за литература, како Адам Загајевски, Олга Токарчук, Вислав Мишливски, Анджеј Стасјук и други.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *