ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН БИСТАТА НА ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ-СВЕШТАРОТ, ПАТРОНОТ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

По повод патрониот празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“, денеска, вработените и учениците од ова училиште положија свежо цвеќе на бистата на патронот Јосиф Јосифовски, но и на бистата на Ристо Поп-Ристов.
 
Говорејќи пред спомен бистата на народниот херој Јосиф Јосифовски, професорот по историја Миле Смилков рече дека во времето кога живеел, работел и се борел Јосифовски се случувале многу работи во кои било тешко да се креира иднината. Како член на КПЈ, застанувајќи на страната на Антифашистичката народно-ослободителна борба против фашистичкиот окупатор, може да каќеме, истакна Смилков дека Јосиф Јосифовски- Свештарот, или Ѓорче-Свештарот како што му бил другиот прекар, застанал на вистинската, победничка страна во Втората Светска војна а со неговото дело даде значаен придонес за слободата во која денес живее македонскиот народ.
 
Инаку, Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век. Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции.
 
Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
 
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град Гевгелија. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
 
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот.
Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
 
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид. Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви.
 
Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *