НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 1992 ГОДИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ВОВЕДЕ СОПСТВЕНА ВАЛУТА-ДЕНАРОТ

WEB Телевизија во живо

На денешен ден пред 31 година државава монетарно се остамостои и воведе сопсвена валута – денар.
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Со овие зборови првиот премиер на државава Никола Кљусев од собраниската говорница го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден).

Тогаш, Собранието донесе пакет закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во однос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Веќе на 29 април престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1, 2 и 5 југословенски динари останаа да важат уште една година. Вредносните бонови од 25, 50, 100, 500 и 1000 имаа ист дизајн и се разликуваа само по бојата. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите.

Името денар е добиено по истоимената античка римска валута (лат. denarius), која се користела на оваа територија и во минатото. Името го има дадено академик Петар Илиевски, а како предлози во тој период биле разгледани и „македонски динар“ и „лав“. Првите денари беа пуштени во оптег следната година. Во 1993 година беше пуштена серија од банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1000 и 5000 денари. Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2000 денари.

Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти. Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *