НА ДЕНЕШЕН ДЕН РОДЕН ГОРАН СТЕФАНОВСКИ-ПРЕКУ ТРАГЕДИЈАТА НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЈА ПРЕДАВА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

WEB Телевизија во живо

Горан Стефановски почина од неоперабилен тумор на мозокот во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој остави значајно книжевно богатство зад себе, нарекуван е македонскиот Шекспир, а неговите мисли и дела се цитираат и ден-денес.
„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ („Тетовирани души“).
 
Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“ („Диво месо“).
„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ („Диво месо“).
 
Горан Стефановски е роден во Битола на 27 април 1952 година. Завршува Филолошки факултет во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Студира драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрира на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет”.
 
Во текот на животот работи во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година станува професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Од 2004 година е и член на Македонската академија на науките и уметностите.
 
Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ја предава историјата на македонскиот народ, преку сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Добитник е на наградите „Стале Попов”, „11 Октомври”, „Стериина награда”, „Војдан Чернодрински”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *