НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1905 ГОДИНА ЗАГИНА НИКОЛА КАРЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

WEB Телевизија во живо

Карев, кој е роден во Крушево во 1877 година загина на 27 април 1905 година во месноста Свиланово, во близина на кочанското село Рајчани. По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, пролетта 1905 година, Карев решил да го стори тоа илегално. За Македонија тргнал со товар литература и со намера да се оддаде на социјалистичка дејност. 

На 26 април 1905 година, неговата чета на пат за Крушево преноќила во селото Рајчани, помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука четата била предадена и веднаш била опколена од турската војска.
Следниот ден, на 27 април, во нерамна борба со турскиот аскер, кај месноста Свиланово, загинал Никола Карев, заедно со повеќе борци од неговата чета.
Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот.

За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници и не врши ниту една од функциите во новоизбраните цивилни органи на востаничката власт. Сепак, фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт, поради што му се припишува функцијата претседател на Крушевската Република.
 
Помеѓу поважните одлуки што ги донесе Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до муслиманско население во кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне борба на сите обесправени во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *