НА 26 АПРИЛ 1943 ПРВАТА ГРУПА МЛАДИ ГЕВГЕЛИСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ОД ИЗЛЕТОТ НА ВАРДАРСКИ РИД ЗАМИНАА ВО ПАРТИЗАНИ НА КОЖУФ ПЛАНИНА

WEB Телевизија во живо

Денес, 26 април, се навршуваат 80 години од излегувањето на првите партизани од гевгелискиот крај. Во историјата е запишано дека на вториот ден на Велигден, вечерта на 26 април 1943 година, првата група на младинци замина во партизани во местото „Раулот“, во пазувите на Кожуф планина.
 
Имено, на тој ден Велигден, во Гевгелиско, народот се веселел на Вардарски рид. Окупаторската власт, па дури и Полицијата, не можела да претпостави дека во една таква празнична атмосфера и веселба некој ќе се осмели да излезе во партизани.
Но,така не мислеле Ристо Бајалски, Васка Дуганова, Ванчо Бајков и Алеко Ќаев од Гевгелија и Мито Теменугов, Коста Поп-Ристов, Ванчо Калчев и Ило Калчев од Богданци. Тие се првите партизани кои на 26 април заминаа во местото „Раулот“. Наредниот ден, на 27 април ним ќе им се придружат и Митко Зафировски, Илија Миов и Петар Мусев. 
 
Наредните денови, во партизани ќе заминат уште дваесеттина младинци од гевгелискиот и богданскиот крај.
Нивни водачи низ тајните шумски патишта до партизанската база на Кожуф биле Ванчо Бојмалиев и Јанко Тодоровски. На 10 мај, истата година, во присуство на политичкиот комесар на третата оперативна зона, Димката Ангелов-Габерот, се формира Гевгелискиот партизански одред што го доби името „Сава Михајлов“.
 
Историјата ќе памети дека Гевгелиско даде вкупно 74 паднати борци и жртви на фашистичкиот терор, а само градот Гевгелија даде 13. Вечна им слава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *