НА 25 АПРИЛ 1995 ГОДИНА ПОЧИНА ЈОВО КАМБЕРСКИ, СЦЕНАРИСТ, РЕЖИСЕР И ПИСАТЕЛ, РОДЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Сценаристот, режисерот и писател, Јово Камберски е роден во Гевгелија на 11 јануари 1923 година. Гимназија завршил во Скопје. Работи како новинар во Радио Скопје. По две години преминува во тогаш новоформираното претпријатие за производство на филмови „Вардар филм“, каде по извесен период е именуван за генерален директор. Филмот станува негова животна определба и професионална преокупација. 

Започнува како редактор на филмските месечници и пишувач на текстови, продолжува како сценарист и режисер на документарени филмови. Во 1953 година неговиот документарец Свилен конец е прв македонски филм прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

 Покрај квалитетите на раководител и организатор во филмската дејност, Камберски пројавува многу богата литературна активност. Ги напишал забележливите филмски раскази: „Виденија 1“ и „Виденија 2“, романите: „Пресуда“, „Пресметка“, „Празник“ и „Колона“. Добитник е на повеќе значајни филмски и општествени награди и признанија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *