НА 22 АПРИЛ 1915 ГОДИНА ОД ЗАСЕДА Е УБИЕН ЈАНЕ САНДАНСКИ, ПИРИНСКИОТ ЦАР

WEB Телевизија во живо

Јане Сандански е роден во село Влахи, Мелничко на 31 јануари 1872 година а бил убиен од заседа на Пирин Планина на 22 април 1915 година. Бил истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМРО. Од 1895 до 1897 година учествувал во четничкото движење организирано од ВМК, а од 1899 година преминал во ТМОРО. Јане Сандански ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. 

Бил еден од главните организатори на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес за кревање востание во 1903 година, но по започнувањето на востанието го извел Крстовденското востание во серскиот револуционерен округ. Бил поистакнат преставник на Серската група и Реформската струја, и е еден од оснивачите на Народната федеративна партија. Со своите чети учествувал во Младотурската револуција и во Балканските војни. 

Животот го завршил обидувајќи се да ја спречи Бугарија во вклучувањето во Првата светска војна бидејќи тоа би значело нова катастрофа за Македонија. Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, се застапувал за ослободување на цела Македонија, за сочувување на територијален интегритет и создавање самостојна македонска држава.

За време на Втората балканска војна, кога Грците го запалиле Кукуш и вршеле геноцид над македонскиот народ, Јане Сандански наново ја собрал четата и ја зазел Рупелската клисура. Со тоа ги прекинал врските на грчката војска, што овозможило таа да биде поразена од бугарската војска кај селото Бело поле, Џумајско.
 
Разочаран од поделбата на Македонија, сакал да ги казни виновниците. Неговите немери биле откриени а како голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија и неговата непомирлива борба за самостојна Македонија, по наредба на кнезот Фердинанд, бил убиен од заседа од своите идејни противници на Пирин Планина, на 22 април 1915 година..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *