НА 16 АПРИЛ 1945 ГОДИНА ИЗБРАНА ПРВАТА ВЛАДА НА ДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАТИВНА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓу другото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. 
 
Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти со кои е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.
Владата беше составена од претседател, два потпретседатели и 10 министерства.
 
претседател на владата: Лазар Колишевски
прв потпретседател и министер за финансии: Љупчо Арсов
втор потпретседател: Абдураим Мехмед
министер за внатрешни работи: Кирил Петрушев
министер за просвета: Никола Минчев
министер за правосудство: Павел Шатев
министер за индустрија и рударство: Страхил Гигов
министер за трговија и снабдување: Тодор Ношпал
министер за земјоделство и шумарство: Богоја Фотев
министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ
министер за социјална политика: Неџат Аголи
министер за градежништво: Георги Василев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *