КУД „ТАНЕЦ“- МИРАВЦИ И ОВАА ГОДИНА СО ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ЃУРА МАРА“ ГИ ВОЗОБНОВИ МИНАТОТО И ТРАДИЦИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Од памтивек, па сè до денешни дни, секој миравчанец, каде и да е, на третиот ден од воскресението Христово си доаѓа во Миравци. Ова е едно од најубавите македонски населени места, убаво не само по природните убавини туку и по питомите, убави, горди и, пред сè, гостопримливи миравчани. Да биде со своите најблиски, на своето родно огниште, за да им оддаде почит на постарите и за да им ги покаже корените на своите помлади поколенија. На овој ден, преку најстарата автентична фолклорна традиција кај нас – „Ѓура Мара“, со впечатливото оро, преубавата носија и со зачуваните обичаи, миравчани испраќаат порака до сите добронамерници кои го посетуваат нивното место. Порака за љубов, заемнo почитување и помагање.
 
Ова оро, како и повеќето други македонски ора, е сведок за голготата низ која поминувал Македонецот, реалистичен фолклорен приказ кој го отсликува животниот пат на Македонците низ времето и ги симболизира македонската вековна гордост и нашите непокор и достоинство.
Така беше и оваа година. Организатор на оваа преубава манифестација е едно од најстарите културно-уметнички друштва во Македонија, КУД „Танец“- Миравци. Покровители на манифестацијата се Министерството за култура на Република Македонија и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
 
Оваа година гости на друштвото „Танец“ беа Друштвото за изворен фолклор „Копривнички Иванец“ од Копривница, Република Хрватска, како и делегација на КУД „Паја Зариќ“ од Инџија, Република Србија.
Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов поздравувајќи ги присутните и гостите, истакна:
„Со одржувањето на традиционалната културно-уметничка манифестација, КУД „Танец“- Миравци, кој е долгогодишен организатор на настанот со историско значење, повторно го возобнови минатото на нивните предци преку изведбата на орото, пренесувајќи им ја вековната традиција на нивните поколенија.
Како Локална самоуправа секогаш ги поддржуваме ваквите настани, бидејќи на овие настани низ призма на Макеоднски игри и ора ја негуваме нашата Македонска традиција, го означуваме нашето постоење и градиме иднина за идните генерации.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *