ПРВО МЕСТО ЗА УЧЕНИЦИТЕ ЛИЛЈАНА НАКОВА И ЃОРГИ НОВАКОВСКИ ВО КВИЗОТ „КОЈ ЗНАЕ ЗНАЕ, КОЈ НЕ, ЌЕ НАУЧИ НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

Квизот со име „Кој знае, знае, кој не, ќе научи“, кој се оствари во 6 квиз-рунди, беше активност која се оствари без да биде предвидена ниту со годишната програма на училиштето, ниту со програмите на некој актив. Активноста беше испланирана и реализирана исклучиво од добри намери и ентузијазам на професорите Миле, Горан, Милан и Стефчо.
 
Се пријавија и учествуваа 144 ученици кои посакаа да ги споредат своите знаења со знаењата на други ученици. Целта беше да се иницира активност која ќе биде забавна, но истовремено и поучна Планиравме, велат од средното училиште, да направиме квиз за следната учебна година, а ова да биде само проба. Нѐ изненади големиот одзив на учениците а успеавме да го спроведеме без или со минимално губење од редовната настава.
 
Она што за некои ученици беше нешто за кое никогаш не слушнале, за други беше општопозната работа. Како тим кој работеше на квизот работевме тимски, но задоволни сме затоа што видовме дека и учениците можат да научат и да практикуваат да работат тимски, односно во парови. Квизот бараше и даваше знаења од голем број области
И на крај секако, им честитаме на Лилјана Накова и Ѓорги Новаковски за победата и освојувањето на првото место во првото издание на овој квиз. 
 
Честитки и за второпласираните Илија Иванов и Љупчо Панов кои беа многу блиску и за само две прашања заостанаа зад победниците. Им благодариме на сите ученици кои учествуваа на квизот, на сите професори и ученици кои со свои прашања и идеи ги збогатија содржините на квизот. Се надеваме дека овој квиз, како активност која стимулира позитивни вредности кај младите, ќе стане традиција во деновите на патрониот празник на училиштето.
 
Од тимот за подготовка и реализација: Миле, Горан, Милан и Стефчо

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *