КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ:

WEB Телевизија во живо

„ЧОВЕКОТ ЈА НАДМИНУВА БОЛКАТА СО ПОЕЗИЈА, МУЗИКА И СЛИКАРСТВО, ТРИТЕ ГРАЦИИ НА УМЕТНОСТА
 
Во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, пред голем број љубители на убавиот пишан збор, денеска беше одржан книжевен портрет на македонскиот поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач Ефтим Клетников.
Модераторот на настанот, Емилија Старделова истакна дека Клетников во 1969-та година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје.
 
Имал студиски престој во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада. За своето творештво кое вбројува над 20 стихозбирки, Клетников е лауреат на бројни значајни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата на Президиумот на Меѓународната академија ЗАУМ во Русија и наградата „Леополд Седар Сенгор“ од Европската академија за поезија, литература и уметност со седиште во Париз. Член е на македонскиот ПЕН центар, каде ја извршувал и функцијата секретар. Работел како новинар и книжевен уредник, а бил и директор на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
 
Автор е на повеќе поетски збирки, поезија за деца, есеи и критики. Има подготвено неколку антологии на македонската поезија.Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.
На книжевниот портрет во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, за книжевните достигнувања на Клетников говореа директорот на библиотеката, писателот Стефан Марковски, кој зборуваше за влијанието на Клетников врз неговиот литературен развој, додека анализата за Клетников како поет, книжевен и ликовен критичар, преведувач и есеистичар, вдахновено ја претстави македонистот Пепи Стамков.
 
Самиот Клетников не го криеше своето задоволство што денеска се претстави во Гевгелија, бидејќи овој град, рече тој, има една посебна медитеранска лиричност, убави пејсажи а забележителна е на секој чекор благата и гостопримлива душа на гевгелискиот човек.
Јас сум, истакна Клетников пред се поет, но се восхитувам и на музиката и сликарството, бидејќи тие се трите грации на уметноста. Можеби денес не е поетско време, поради лошите настани што се случуваат во светот и кај нас, но затоа пак верувам во движечката сила на уметникот е да создава убавина од болката, како што школката ја надминува својата болка која и ја предизвикува каменот во неа, токму со тоа што лачи материја од која го создава бисерот, рече Клетников
Стихови од поетот интерпретираше Петар Јанчев, додека за музичкиот дел беше задолшена Теодора Гошева-Теда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *