КАМПАЊА НА СВР СТРУМИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ – ЗАЕДНИЦА, ДОВЕРБА И ОДГОВОРНОСТ

WEB Телевизија во живо

Секторот за внатрешни работи Струмица, во содејство со колегите од ОВР Гевгелија, денеска на шеталиштето во Гевгелија ја реализираа кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.
Полициски службеници делеа летоци и непосредно разговораа со граѓаните за да ја потенцираат пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
 
-Граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми. Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „Застани разговарај“, „Заштита од провални и дрски кражби“, „Заштита од измами“, „Стоп за возење под дејство на алкохол“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други, изјави за ТВ Нова, портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова.
 
Таа додаде дека истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот.
Така, лани ОВР Гевгелија во областа на сообраќајот имаат постигнато подобри резултати од истиот период во 2021. Намалени се сообраќајните незгоди, додека во најголем број случаи причините за сообраќајните незгоди и натаму остануваат управување на возило под дејство на алкохол, брзо возење и не држење страна на возењето.
Зголемени се контролите во сообраќајот што резултира и со зголемен број на казни на несовесните возачи, како што се исклучување од сообраќај на возачите како и привремено одземени возачки дозволи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *