НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ВО БОРБА СО АСКЕРОТ,СО ПОСЛЕДНИОТ КУРШУМ СЕ УБИЛ МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ, ЈУНАКОТ ОД НАРОДНАТА ПЕСНА

WEB Телевизија во живо

На 21 септември 1902 година (според некои извори 1901-ва) во родниот Велес, во Џајково Маало, во борба против османлискиот аскер, откако снемал муниција, се самоубил македонскиот револиционер Миле Поп Јорданов.
Тој е постар брат на гемиџијата Орце Поп Јорданов, водачот на групата позната како Солунски атентатори.
Поради неговата прерана смрт водејќи се од идејата за слободна Македонија, тој не создаде семејство, не создаде пород, но не создаде сите нас! Сите ние сме дел од идејата на Миле Поп Јорданов! Бог да го прости Миле Поп Јорданов, Миле Поп Јорданов за народ загина, за народ загина за Македонија, се вели во народната песна за овој македонски јунак.
 
Миле Поп Јорданов е роден на Којник во Велес во 1879 година. Тој бил просветен деец и учесник во македонското револуционерно движење. Во негова чест е испеана познатата народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, која е и официјална химна на градот Велес.
 
Миле Поп Јорданов (на велешки Поп Орданов) е најстариот син на Ѓошо и Султана Поп Јорданови од велешкото маало Којник. Покрај брат му Орце, Поп Јорданови имале и четири ќерки: Елена, Марија, Павлина и Олга. Павлина Поп Јорданова била омажена со братот на истакнатиот македонски револуционер и член на Гемиџиите, Павел Шатев.
Откако се разболел со тројца комити се вратил од својата чета во Велес за да закрепне. Но, за жал, наместо да закрепне заминува од овој свет. Бил наклеветен од велешкиот шпион Тасе Коцкарот. Кога го известиле дека е предаден, ноќта со тројцата другари, низ велешките сокаци се обидел да го напушти градот. Откако ја минале реката Вардар, за да се продолжат кон Штип, кај општинското училиште имало поставено турски аскер при што дошло до жестока престрелка. Тогаш Миле Поп Јорданов наредил тројцата другари да се повлекуваат, а тој почнал сам да пука кон аксерот се додека имал муниција. Кога му останал последниот куршум, за да не падне жив во рацете на аскерот, си го одзема животот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *