Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела.
Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.
На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.
Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.
Иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.
Според сведоштва запишани во манастирските книги, во Втората светска војна фaшиcтитe повеќе пати ја фpлaле иконата во езерото, но таа секогаш се враќала на брегот кај манастирот. Едно предание говори дека врзана со челични cинџиpи ја пoтoпувале во средината на езерските води за да се yништи, но како што била потопувана иконата се ocлободувала од синџирите и повторно била крај манастирот.
Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ. На секој што се мoли со искреност, вера и чисто срце таа му помага да се излeчи. Препознатлива е по дарувањето деца на бездетните, што го потврдуваат многу двојки, кои со својот пород доаѓаат да се поклонат и да се заблагодарат за дарот што го добиле.