ГЕМИЏИИТЕ (СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИ) ОД 28 ДО 30 АПРИЛ 1903 ГОДИНА ИЗВЕДОА ДИНАМИТНИ АКЦИИ ВО СОЛУН

WEB Телевизија во живо

Во Солун, од 28 до 30 април 1903 година, група македонски интелектуалци, формирана со цел со динамитни акции да се предизвика интервенција на европските сили во Македонија и да се запознае европската јавност со состојбата во Македонија, Славе Мерџанов, Петар Манџуков, Јордан Поп Јорданов (Орце), Константин Кирков, Тодор Богданов, Илија Трчков, Владимир Пингов, Тодор Органџиев, Димитар Мечев, Георги Богданов, Милан Арсов, Павел Шатев и Марко Бошњаков) ги дигнаа во воздух францускиот брод „Гвадалкивир“, Отоманската банка, Поштата, Плинарницата и други јавни објекти. 

Овие настани, познати како Солунски атентати, извршени неколку месеци пред Илинденското востание, претставуваат најкрупен настан кој предизвика силен ефект во европската јавност и во европската дипломатија.
За време на атентатите се убиени: Јордан – Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов, а уапсени се: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Африка).
 
Од сите нив жив останува само Павел Шатев кој е амнестиран 1908 година по Младотурската револуција. Подоцна, тој ги запишува спомените за Солунските атентати и за своите другари. Но, како и многу други наши големи луѓе од минатото и тој за време на СФРЈ завршува неславно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *