ЕКИПАТА НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ СРЕДНОШКОЛСКИ ШАМПИОН ВО ФУТСАЛ

WEB Телевизија во живо

На 20.04.2023 година, четврток, во спортската сала 26-ти Април во Гевгелија, се одржа Државното првенство во ФУТСАЛ за средни училишта во машка конкуренција, на кое учествуваа победничките екипи на регионалните натпревари на трите региони. Домаќин на Државното првенство во футсал беше Општинскиот сојуз на училишен спорт од Гевгелија, под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија.
 
На меѓусебните одиграни натпревари на трите екипи, беа постигнати следните резултати: СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија – СОЕУ
“Јане Сандански” – Битола 3 : 3; СОЕУ “Јане Сандански” – Битола – ДУФК “Методи Митевски – Брицо – Скопје 5 : 3; СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија – ДУФК “Методи Митевски – Брицо – Скопје
11 : 2
Победник на оваа Државно првенство и средношколски шампион во футсал во машка конкуренција е екипата на СОУ ” Јосиф Јосифовски” од Гевгелија предводена од проф. Никола Караколев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *