ДЕНЕСКА Е ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ТРЕТ ДЕН

WEB Телевизија во живо

ПОУЧНА ВЕЛИГДЕНСКА ПРИКАЗНА : „СЕКОЈ ОД НАС ИМА ЧЕТИРИ „ЖЕНИ“. ПРВАТА Е НАШАТА ДУША“.
 
Велигденска приказна за љубовта, добрината, богатството, семејството, пријателите и за нашата душа.
 
„Си бил еден богат трговец кој имал 4 жени. Најмногу ја сакал четвртата. Ја опсипувал со богати подароци, и материјално богатство. Исто така ја сакал и својата трета жена. Бил горд на неа и секогаш ја покажувал пред пријателите. Ја сакал и својата втора жена , на која најмногу и се исповедал. и барал од неа решенија. Но, трговецот имал и прва жена која му била верна и му помагала со години да го стекне богатството. Се грижела за домаќинството и семејството. Меѓутоа, трговецот не ја сакал и едвај ја забележувал.
Еден ден тој се разболел. Знаел дека наскоро ќе умре.Одлучил да разговара со сите нив, па затоа ги прашал сите четири дали би се жртвувале за него:
„Те сакам најмногу од сите. Ти ги давав најдобрите работи и се грижев за тебе. Сега умирам и би сакал да ме следиш низ мојата смрт.“
Четвртата рекла дека тоа не доаѓа во предвид. Третата жена му рекла штом тој ќе умре,таа повторно ќе се омажи за некој друг. Се обидел и кај втората жена, таа одговорила дека во најдобар случај, може да го испрати до гробот.
Сите одговори го срушиле и разочарале. Тогаш слушнал еден нежен глас. „Јас ќе дојдам со тебе. Ќе те следам каде и да одиш.“ Трговецот ја подигнал главата и ја здогледал својата прва жена. Била сирота, ненајадена, слаба. Со тага во грлото, свесен дека е предоцна, само и рекол: „Требаше подобро да се грижам за тебе. Единствено ти не ме напушти.“
Четвртата жена е нашето тело. Без оглед на тоа колку сме се грижеле за неа, ќе не напушти кога ќе умреме.
Нашата трета жена е нашето богатство и она што го имаме во материјалниот свет. Кога умираме, се оди кај други.
Втората жена е нашето семејство и пријателите. Без оглед колку сме блиски со нив, во најдобар случај можат да не испратат само до гробот.
Првата жена е нашата душа. Иако е често занемарена од сите останати, единствено таа ќе не следи во секој нареден живот.“
И, толку. Најдете време, осамете се во некој агол на вашата соба и прочитајте ја и вие, драги мои пријатели, оваа приказна. Поуката што ќе ја извлечете од приказната, запишете си ја трајно во вашите срца, и ….

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *