ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

WEB Телевизија во живо

ВО ГЕВГЕЛИЈА ЛАНИ НЕ Е ЗАБЕЛЕЖАН НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА НА РАБОТНО МЕСТО.
ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
 
Минатата година во земјава се случиле 169 несреќи на работно место, а 22 од нив завршиле со смрт, покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа.
Овие несреќи, според пресметките на Здружението, покрај човечките загуби и изгубено здравје на работниците државата ја чинеле повеќе од 11 милијарди евра, а директните загуби изнесуваат 468 милиони евра.
 
Тие апелираат земјава да воведе систем според кој точно ќе се знае колку несреќи на работно место се случуваат, кои се причините и според тоа што треба да се преземе, работните места да не бидат причина за повреда и смрт на работниците.
Податоците покажуваат дека најголем број од несреќите на работно место се случиле во Скопје вкупно 39, по што следи Битола со 25 и Прилеп со 21 несреќа.
 
Во Гевгелија минатата година не е забележан ниту еден случај на повреда на работно место. Да потсетиме дека во 2021 година, во нашата општина се случиле 3 повреди на работа, од кои 2 завршиле фатално.
Оваа година најголемиот број смртни случаи поврзани со работното место имало во Скопје 4, следат Струга, Струмица и Неготино со по 3 случаи.
 
Според секторите во кои се случиле несреќите, лани во преработувачката индустрија имало 59 несреќи, по што следи јавна управа и одбрана 27 и градежништвото 14. Најголем број несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на домаќинства како работодавачи 8, градежништвото 6 и преработувачката индустрија 3.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *