ЧЕСТИТ ПРВ РОДЕНДЕН „ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“

WEB Телевизија во живо

ВЕНЦИ РИСТОВ: „ЗАПОЧНАВМЕ СО НЕКОЛКУ ЧЛЕНОВИ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА А СЕГА НЕ ИМА НАД СТО, ШТО ГО ПОТВРДУВА ФАКТОТ ДЕКА ГЕВГЕЛИЈА Е НАЈВЕЛОСИПЕДСКИ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА
 
Иницијативи да са формира клуб имше одамна ама немаше кој да повлече и да го направи тоа. За да се формира клуб иницијална каписла беше проектот Гевгелија Вело Град каде што во проектните активности првично е наведено и регистрирање на Вело Клуб. Со таа идеа не запозна Виктор Гавровски а јас му реков дека без разлика дали проектот ке биде одобрен или не јас, заедно со Никола Опров ќе започнеме процедура за регистрирање на велосипедски клуб. Од страна на финансиерите ЕУ и УНДП беше одговорено дека ваков клуб , во рамки на тој проект не може да биде финансиран. Затоа, за неколку дена започнавме со активности за регистрација и набрзо се формираше Гевгелија Точак Клуб.
Оснивачи сме 9 души а на оснивачкото собрание беа присутни 24 кои што истата вечер беа зачленети. Значи стартувавме со 24 а после 10 месеци имаме веќе 104 членови од најмалечка до највозрасна категорија. Извршниот одбор брои 7 члена вклучително и претседателот а координатори по специјалности имаме 9 од кои што повеќето не се членови на ИО.
 
Просториите, кои ни ги одобри градоначалникот беа во многу лоша состојба, па затоа деновиве сме во фаза на реновирање. Просторијте и дворното место ке ги оспособме за да можат членовте и симпатизерте да се дружат 24 часа дневно.
Што се однесува до целите, ги имаме повеќе. Прво, сакаме да ја смениме свеста на нашите сограѓани за тоа дека во градот кој што е 2 на 2 километри најдобро и најефикасно превозно средство е точакот. За таа цел ке имаме повеке едукативни и интересни акции во наредниот период. Второ, сакаме да извршме влијание на младите помалку време да седат на компјутер, мобилен телефон и други современи електронски уреди а повеќе да спортуват со тоа што ке бидеме најсреќни ако спортуваат заедно со членовте на ГТК. Трето, ке организираме забавни спортски игри во кои што главно средство за натпреварување ке биде точакот. Главна целна група ке ни бидат ученицте од основните и средните школи. Четврто, ке имаме кампањи на социјалните мрежи за Гевгелија да добие ден во кој што нема да са возат автомобили, туку градот ќе биде само за пешаци и точкаџии.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *