АНГО АНГОВ: ОЧЕКУВАМЕ НАД 30.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД!

WEB Телевизија во живо

Општина Дојран ги прави последните подготовки за претстојната туристичка сезона, а за време на продолжениот првомајски празничен викенд, за три дена, очекуваме над 30.000 посетители. 
 
Сместувачките капацитети веќе се резервирани, имаме над 300 приватници кои нудат сместувачки услуги, плус хотелите, и веруваме дека сите кои ќе го посетат Дојран за време на празникот, ќе бидат задоволни – вели градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.
 
За разлика од минатите два викенди, овој викенд долги колони и гужви има и на преминот во Дојран. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.
Во последните неколку години, Дојран повторно го враќа стариот сјај и за време на викендите и за празници во тек на лето е преполн со посетители. 
 
Најмногу ги има од земјава, но често може да се сретнат и туристи од странство, кои на пат кон Грција или Турција решиле да поминат неколку денови покрај Дојранско Езеро.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *