ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА А НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија,беше поднесен Полугодишниот извешетај за јавната безбедност на подрачјето на Општина гевгелија, за периодот од 01.07.2022 до 31.12.2022 од страна на командирот на ПС Гевгелија, Миле Ангелков.
И покрај намалениот број на полициски работници, истакна Ангелков, ПС Гевгелија успева да ги обавува работите кои се во нејзина надлежност, покривајќи ги и општините Богданци и Дојран.
 
Во областа на сообраќајот минатата година имаат постигнато подобри резултати од истиот период во 2021. Намалени се од 81 на 62 сообраќајните незгоди, додека во најголем број случаи причините за сообраќајните незгоди и натаму остануваат управување на возило под дејство на алкохол, брзо возење и не држење страна на возењето.
Зголемени се контролите во сообраќајот што резултира и со зголемен број на казни на несовесните возачи, како што се исклучување од сообраќај на возачите како и привремено одземени возачки дозволи.
 
Од друга страна пак, зголемен е бројот на кривичните дела по должност во второто полугодие на 2022 година бво однос на истиот период во 2021. Така ако во 2021 година тој број изнесувал 65, во 2022 година бројката е 81 кривично дело. . Меѓу покарактеристичните кривични дела може да се издвојат три насилства врз дете, едно силување, едден полов напад на дете кое не наполнило 14 години и едно одземање на дете.
Од извештајот се забележува и зголемување на бројката на тешки и обични кражби во втората половина на 2022 година во однос на истиот период во 2021 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *