ЗАПОЧНАА АУДИЦИИТЕ ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „КАЛИНКА 2023“

WEB Телевизија во живо

Програмските активности околу организацијата на детскиот фестивал „Калинка 2023“, кои беа вчера најавени на прес конференцијата, веќе започнаа. Така, вчера, среда, 1 март, се одржа првата аудиција за децата солисти и хористи во малата сала на Народниот театар. 

Според изјавата на уметничкиот директор Александар Стојанов, интересот е голем, на првата аудиција се појавија голем број на деца, нормално во придружба на своите родители. Трпеливи беа децата, но трпелива беше и жири комисијата, вели Стојанов.
 
Веќе вечерва, четврток, 2 март, во 18 часот на истото место ќе се одржи и втората аудиција,после која ќе бидат избрани 120 солисти и хористи кои ќе земат учество на возобновениот фетивал „Калинка“.
 
Ивана Ристова, која е инструктор по танци на тимот на Калинка, во изјава за ТВ Нова 12 ни соопшти дека во сабота, на 4 март, ќе се одржи и аудиција за избор на деца кои ќе го сочинуваат Танцовото студио на Калинка. 

Аудицијата ќе се одржи во Народниот театар во следниве термини:
 
Од 12 до 13 часот деца од 6 до 9 години, а од 13 до 14 часот, деца од 10 до 14 години. Таа им советува на сите што ќе дојдат да си облечат удобни патики и облека и да имаат подготвено своја кореографија во траење од 30 секунди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *