ВO ТРСТ ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „НАСМЕВКИ НА ДУШАТА“

WEB Телевизија во живо

На XIX меѓународен конкурс за поезија и театар “Замокот на Дуино” во Трст, Италија кој се одржа од 24 до 26 март СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија претставена од учениците Боркица Ѓоргиева, Емилија Ванчева и Данче Стоименовска а под менторство на проф.Тања Чугунцалиева беа наградени со специјална награда за училишниот проект “Насмевки на душата”. Како што веќе пишувавме, од две илјади пријавени песни од 49 земји од светот, СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија ја доби специјалната награда.
 
Главeн мотив за поемата беа борбата и приказот на страдањата на луѓето низ војните и низ сето она низ кое може да помине човек без своја волја.
„Најважно од се, велат учениците, сакавме да порачаме дека треба да се бориме и да не дозволиме болката да не обесхрабри и обликува во тажни и безнадежни суштества, не давајќи и на среќата да допре до нас. Во поемата ја прикажавме важноста на животот, на среќата на душата прикажена низ насмевката на лицето на човекот“
 
Како што самите кажуваат импресиите од престојот во Трст не се опишуваат, едноставно биле прекрасни. Учениците и нивниот ментор изразија голема благодарност до Општина Гевгелија и до Градоначалникот Андон Сарамандов, кој овозможи да се реализира нивниот престој во Трст, Италија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *