ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО РЕГИОНОТ ЌЕ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ – „СЕКОЕ ДЕТЕ СО СВОЈАТА АВТЕНТИЧНОСТ„

WEB Телевизија во живо

Во Општина Гевгелија алармантно е зголемен бројот на родители кои се повеќе бараат помош од стручно лице во центарот за рана интервенција, како и на децата во основните училишта во општината кои имаат дисхармоничен развој и проблеми во учењето. Исто така присутен е трендот на доцнење на говорот на децата поголеми од 2 години, екранизмот како феномен, како и презаштитничкиот фактор на родителската грижа.
 
Ова беше истакнато на денешната прес конференција на ОО Црвен крст Гевгелија и Општина Гевгелија, на која беше промовиран проектот за деца и родители со наслов „Секое дете со својата автентичност. Проектот ќе се состои од едукативни работилници за стручно советување, психолошка помош и поддршка на родителите во процесот на детскиот развој.
За самиот проект говореа Секретарот на ОО на Црвен крст Гевгелија, Лазар Мешков, Стручните лица од општината, Ружица Икономова, и Мери Кузманова како и Градоначалникот на Општина гевгелија, Андон Сарамандов.
 
Секретарот на ОО на Црвен крст Гевгелија, Лазар Мешков истакна дека Црвениот крст Гевгелија ги стави на располагање своите човечки и материјални ресурси, и во консултации со стручни лица од Општина Гевгелија успеа да изработи предлог – идејно решение за воспоставување на локална програмска сервисна услуга наречена “Секое дете со својата автентичност” која за првпат ќе биде имплементирана и достапна во регионот и земјата. Ваквата сервисна услуга има за цел, истакна Мешков, да ги обедини нашите постоечки капацитети со знаењата и вештините на професионалците во соодветните области и на нашите сограѓани – родители да им овозможи поддршка и помош во периодот на развој на нивните деца.
 
„Овој проект, рече Икономова на прес конференцијата, заеднички ќе го работат 4 специјални едукатори и рехабилитатори од општините Гевгелија и Богданци, а на одередени работилници ќе бидат вклучени и логопед, психолог и психијатар. Поттик за овој проект ни беше алармантно големиот број на родители кои се повеќе бараат помош од стручно лице во центарот за рана интервенција, зголемениот број на ученици во основните училишта кои имаат дисхармоничен развој и проблеми во учењето, трендот на доцнење на говорот на децата поголеми од 2 години, екранизмот како феномен, како и презаштитничкиот фактор на родителската грижа.
Работилниците ги креиравме за родителите, сметајќи дека токму тие се оние на кои им треба едукација за правилниот развој на нивните деца, истакна Икономова.
 
Мери Кузманова од Дневниот центар за лица со посебни потреби во своето обраќање истакна дека токму младите родители имаат потреба од поголема едукација во врска со правилниот развој на нивните деца, која е нивната улога, како родител во развојот на говорот на нивните деца, адекватниот родителски пример во развојот на играта, како и градење на животни вештини кај детето преку личен пример.
 
Во проектот се планирани да се изведат 8 работилници, во текот на наредните четири месеци, на теми кои се актуелни за типични и атипични деца, како што се: Типичен развој на дете до шест годишна возраст, Екранизам или Аутизам, Движењето е основа за осознавање на светот,Кога ви е потребен логопед?, Равојна фаза или Развоен проблем, Игра и развој на вештини, Што се моите сетила и Справување со моите емоции.
На почетокот е планирана една трибина на која ќе се презентир како треба да изгледа еден типичен детски развој, како и кои отстапувања би требало да бидат аларм за родителите, рече Кузманова.
 
Проектот го поздрави и му даде целосна поддршка Градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов. Во секојдневната комуникација, истакна Сарамандов, со родителите наставниците и Невладиниот сектор, заклучивме дека се зголемува од ден на ден бројот на деца кои имаат потреба од стручна помош. Современата технологија и брзиот начин на живот, не прават нас, несовршени „родители“ и затоа сметам дека од ваков еден проект корист ќе имаат како родителите така и нивните деца, заклучи Сарамандов.
Инаку, веќ од денес во сите образовно-воспитни институции ќе бидат однесени постери и флаери со кои за овој проект ќе може да се информираат и родителите и учениците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *