УСПЕШЕН НАСТАП НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА „7-МИ НОЕМВРИ“ НА КАВАДАРЕЧКИОТ ПОЛУМАРТОН

WEB Телевизија во живо

НАСЕ ЕПОВ ПРВ НА 5 КИЛОМЕТРИ, ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА НА 21 КИЛОМЕТАР.
 
Во организација на Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко денеска во Кавадарци се одржа 5. Кавадаречки полумаратон под мотото “Го сакам Кавадарци”. На стартот се појавија 420 тркачи, плус деца, кои трчаа на 5, 10 и 21 километар. На оваа интересна градска трка учество зеде и шеснаесетчлена екипа на АК„7-ми Ноември од Гевгелија, и тоа во сите три трки, на полумаратонската на 21 километар, на 10 и на 5 километри.
 
Атанас Епов го освои првото место во трката на 5 километри во машка конкуренција, Никола Ковачев беше петти а Никола Нанчев тринаесетти. Александра Крајчева, Магдалена Јованова и Натка Стоева успешно настапија во женска конкуренција.
 
На 10 километри шестото место го освои Ристо Чалков, во машка конкуренција, Влатко Семенаков беше тринаесетти, а настапија уште и Стојан Делев, Мики Петровски, Дарко Прошевски, Живко Петков и Димче Андреев. Александра Крајчева, Магдалена Јованова и Натка Стоева успешно настапија во женска конкуренција.
 
Во полумаратонската трка кај жените, во групата +51, првото место го освои Валентина Узунова, а во генерален пласман беше четврта. Во машка конкуренција настапија Благојче Темелковски и Мијалчо Андоновски.
Се трчаше во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката беше кружна, а еден круг беше во должина од 2.5км.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *