СУДОТ ВО ЛЕРИН ГИ ОТФРЛИ СИТЕ ТУЖБИ ПРОТИВ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Судот во Лерин ги одби сите тужби против Центарот за македонски јазик регистриран лани во Лерин. Барањата за укинување на регистрацијата на овој центар беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења, грчки здруженија од Австралија и Канада и од Златна зора.
 
Според Стилијанос Самарцис, од ОМД, кој ја сподели веста на социјалните мрежи, „тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем“.
Тој изјави: „Во иднина чекаме да се отворат приватни македонски училишта и македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем во Егејска Македонија за новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа праведна одлука“.
 
ОМД претпазливо ја поздравува оваа судска одлука. Борбата за нашата еднаквост и човекови права во таканаречените демократии како Грција е далеку од завршена. Мора да продолжиме да го едуцираме светот за ефектите и влијанието врз Македонците како резултат на поделбата на географска Македонија во 1913 година од страна на западните сили.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *