ШЕСТ ПРВИ МЕСТА ЗА „MYSTIC DANCE“ НА „INTERNATIONAL DANCE OPEN BELGRADЕ 2023“

WEB Телевизија во живо

Младите танчерки и танчери од Гевгелија, членови на „Mystic dance“ остварија одличен резултат на „International DANCE Open Belgrad 2023“, што се одржа викендов во главниот град на Србија. 
 
Прекрасната сцена ја споделија со танчери од повеќе земји кои имаа свој момент да блеснат во позитивен, наградувачки и возбудлив амбиент. International Dance Open ги цени сите достигнувања каде посветеноста, талентот и достигнувањата гордо се слават.
 
Членовите на Мистик денс учествуваа во 6 конкуренции и освоија шест први места, а исто така влегоа во Гала најдобрите 30 со Хипхоп деца 1 и Хипхоп формација сениори
 
Ова е заеднички успех на сите и е едно од поуспешните учества на нашето студио на некоe натпреварување. Особено сме горди на двете учества на Гала настанот и се надеваме дека во блиска иднина ќе се најдеме и на пиедесталот, изјави по натпреварот Александар Аврамов, гордиот нивни учител.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *