„ПРВИТЕ КРАЛЕВИ НА ЕВРОПА“- АНТИКВИТЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА, ОД КОИ 17 ПРИПАЃААТ НА „ПРИНЦЕЗАТА ОД МИЛЦИ“, НА ИЗЛОЖБА ВО ЧИКАГО

WEB Телевизија во живо

Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп се меѓу дваесетина балкански музеи кои се вклучени во организацијата на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, составена од македонски и од балкански археолошки предмети, која се смета за најголема на балканската предисторија во светот.
 
Македонските музеи учествуваат со 19 репрезентативни артефакти. Скиптарот од Шуплевец од Битола, неолитскиот жртвеник од Врбјанска Чука кај Прилеп и 17 гробни метални прилози од гробот 111 (благородничката/принцезата од Милци) од некрополата Милци кај Гевгелија, која всушност е „костур” на нашата изложба. Изложбата беше отворена на 21 септември на Институтот за древни студии во Њујорк.
 
Поставката е составена од стотици други артефакти од 23 балкански музеи, кои ќе го прикажат постепениот општествен развој на предисториските заедници на овие простори. Изложбата е резултат на иницијативата на Филдовиот музеј од Чикаго и соработката со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола, Музејот од Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп. Национален координатор на изложбата е Гоце Наумов.
 
„Мислам дека дури по изложбата во Северна Америка кога благородничката со култна палка од Милци ќе ја видат многу посетители и стручни лица, дури тогаш ова откритие ќе добие вистинска вредност, а кај нас веројатно ќе ја доживее својата егзалтација. Самото откритие има далекосежна музеолошка, научна и маркетиншка вредност, која може да биде искористена во промоција на Н.У. Музеј – Гевгелија, општина Гевгелија и самата држава“, ќе изјави Бобан Хусеновски, археолог кустос-советник во НУ Музеј – Гевгелија
 
Чикаго на 31 март, по Њујорк, е следната станица од американската турнеја, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион. Во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава.
 
По тој повод, денес (11.3.2023 г.) во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, во 12 часот, ќе се одржи прес-конференција.За турнејата ќе говорат претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
 
Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *