ПРЕДАВАЊЕ НА ПЗУ „ЦЕНТАР ЗА ДИЈАЛИЗА ДИАМЕД МАКЕДОНИЈА“ ПО ПОВОД 9 МАРТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ

WEB Телевизија во живо

Традиционално секоја година во светски рамки, вториот четврток во месец март е посветен на бубрежно болните. Овој пат 09.03.2023, ПЗУ Центар за дијализа Диамед Македонија, водени под интернационалниот ренален провајдер Диаверум, покрај интерните активности со пациентите, спроведе и надворешни активности насочени кон едукација.
 
Имено, учениците од прва до трета година во здравствената струка на СОУ Богданци од Богданци беа пристутни на предавање кое се одржи во нивните простории.
 
Целта на предавањето беше едуцирање, информирање и превенирање. Учениците накратко беа запознати со Диаверум културата на работење, а акцентот беше ставен на функцијата на бубрегот, бубрежната болест, процесот на дијализа и секако превенција.
Едукацијата и презентацијата беше извршена од страна на м.с. Анита С. Димитрова, сестра ментор- едукатор, а воведот на м.с Ленче Николова главна сестра.
Водени од пример, преку грижа- вистинска грижа, Диаверум покрај спроведување на врна ренална услуга, продолжува со активности за подигање на свесноста од бубрежни заболувања.
 
На крајот од едукацијата, на учениците им беа дадени флаери со совети, како и шишенца вода со симболиката дека …”за секоја испиена чаша вода, бубрезите ни велат благодарам..”
 
Инаку, денес повеќе од 850 милиони луѓе во светот имаат некоја форма на бубрежна болест, односно едно од 10 возрасни лица се лекува од различна форма на бубрежна болест, што ако се спореди со останатите хронични заболувања е двапати од оние кои што живеат со дијабетес мелитус (422 милиони), дваесет пати повеќе од светската преваленца со малигни заболувања (42 милиони) и приближно исто толку со AIDS/SIDA (36.7 милиони), станува многу појасно колку е важно што почесто да мислиме за здравјето на нашите бубрези. Фактот дека едно од три возрасни лица кои се лекуваат од дијабетес мелитус и едно од пет возрасни лица со покачен крвен притисок може да развие бубрежна болест, која што во најголемиот број на случаи доведува до хронична бубрежна болест и до терминална бубрежна слабост го надополнува мозаикот за важноста од рана детекција и превенција на болестите на овој уникатен орган.
 
И во Македонија според статистиката еден од 10 возрасни или околу 200 000 граѓани имаат некоја форма на бубрежно заболување. Во краен стадиум на болеста (стадиум 5 – кога двата бубрега повеќе не можат да ги извршуваат функциите кои се од витално значење за организмот) кога е неопходно да се лекуваат со дијализа има околу 1.600 пациенти, во 23 центри за дијализа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *