ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРЕД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР

WEB Телевизија во живо

Преку организирање дипломатско-економски караван од страна на Министерството за надворешни работи , Бирото за рамномерен регионален развој и Југоисточниот плански регион вчера и денеска се презентираат можностите за инвестирање и потенцијалите пред економски аташеа и амбасадори на 17 дипломатски претставништва во земјата и од други држави кои ја покриваат нашата земја. Караванот вчера беше во посета на општините Радовиш, Конче и Василево, а денес продолжува во Ново Село, Дојран, Богданци и Гевгелија.
 
Според директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи, дипломатите најмногу се интересирале за инвестирање во одредени сектори и увоз на земјоделски производи од овој регион.
 
Според Центарот за развој на Југоисточниот плански регион пред дипломатските претставници ќе се презентираат и проектите од општините кои бараат да се финансираат од европски пари.
 
-Покрај тоа, на караванот ќе се претстават и дваесетина извозни компании од секоја општина од регионот, кои бараат нови пазари за пласман на своето производство насекаде низ светот. Ова е вистинска можност за компаниите да го претстават своето производство, да ги претстават сопствените можности и Југоисточниот плански регион посериозно да биде ставен на картата на Европа и светот, изјави директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев.
 
Градоначалниците од регионот сметаат дека вакви настани се вистинска можност за презентација на можностите на општините за инвестирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *