ОДБЕЛЕЖАН 17 МАРТ – ДЕН НА ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО. КРВ ДАРУВАА 81 ГРАЃАНИ

WEB Телевизија во живо

ОО Црвен крст Гевгелија со пригоден настан и крводарителска акција го одбележа Денот на формирањето на Црвениот крст на РСМ и Денот на крводарителството.
 
Во рамките на настанот беа доделени почесни признанија на крводарители со 10, 15 и 25 дарувања, и плакети на крводарители со 50 дарувања на крв, на кои од страна на Градоначалникот на општина Гевгелија им беа доделени и пригодни подароци.
Покрај настанот беше организирана и крводарителска акција на која крв даруваа вкупно 81 граѓани.
 
ОО Црвен крст Гевгелија како дел од Црвениот крст на РМ им се заблагодари и им честиташе за придонесот и ангажманот на сите сегашни и поранешни вработени, волонтери, партнери и поддржувачи за придонесот во реализацијата на нашите хуманитарни заложби и цели во текот на долгогодишното постоење.
Тие изразија посебна благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв за спас на нечиј живот!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *