НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ 28-ОТ РОДЕНДЕН ДРАГИ КОЛЕГИ ОД РАДИО „ТАЈМ ФМ“

WEB Телевизија во живо

На 18 март 2023 година Радио Тајм ФМ ќе прослави 28 години од своето постоење. Радио Тајм ФМ е единствено радио во гевгелиската околина. Работејќи по светски запишани стандарди, таканаречениот топ 40 формат на радио станица, нуди 24 часовна радио програма исполнета со забавни содржини, контактни емисии и пред се забавна и народна музика за сечиј вкус.
 
Екипата на радиото ја сочинуваат ентузијасти, вљубеници во музиката и радиото и веќе одамна докажани имиња во оваа професија. Радиото со својот квалитетен сигнал зрачи и ги покрива општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран.
 
Според резултатите од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за последниот период од 2022 година (октомври, ноември, декември) Радио Тајм ФМ е убедливо најслушаното локалнo радио во земјава со рекордни 40% слушаност на популацијата на територијата на која што зрачи радиото.
 
Нека ви е честит роденденот, драги колеги, и продолжете и понатаму да ги забавувате слушателите водејки се од вашиот слоган- Хитови кои ги обединуваат сите генерации

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *